[Macedonian/Македонски] Упатство за штедење на енергија и вода за потстанари

Date: 
September 2018

Не мора да сте власник на дом за да имате придобивки од акциите за штедење на енергија и вода. Скоро третина од Австралијанците живеат во изнајмени живеалишта и иако има ограничувања на работи што можете да ги промените во изнајмено живеалиште, постојат начини за намалување на сметките и за влиание врз животната средина, иако соларни панели и резервоари за дождовна вода не се опција. Всушност, некои од нај ефективните чекори што можете да ги превземете за да заштедите енергија и вода се насочени кон превземање мали промени во дневните навики без никаков финансиски трошок.

Без обзир дали изнајмувате на кратко или за подолго време, постојат многу едноставни, евтини работи што можете да ги направите за да можете да го намалете користењето на енергија и вода и да заштедите стотици долари во текот на годината без жртвување на удобноста и животниот стил.

Идеи за штедење на енергија

Енергетската ефикасност (понекогаш наречена ефеикасна употреба на енергија) се однесува на употребата на помалку енергија за обезбедување на перформанси, удобност и погодност. Пробајте ги овие практични чекори за да ја намалите употребата на енергија во домаќинството и сметките.

  • Одберете апарати за домаќинствата што се енергетски ефикасни. Апаратите за домаќинствата учествуваат со 30 проценти во потрошувачката на енергија во вашиот дом, така што видот на апаратите што ги одбирате и начинот на кој што ги употребувате прави голема разлика на вашата потрошувачка на енергија и сметките. Ако купувате нов апарат, размислете да купите енергетски ефикасен модел. Погледнете ја етикетата Energy Rating Label за да дознаете колку е енергетски ефикасен—што повеќе ѕвезди толку повеќе енергија и пари можете да заштедите.
  • Контролирајте ја температурата. Околу 40 проценти од потрошената енергија во домаќинствата оди на греење и ладење. Во зима, размислете да ги подесете грејните термостати на 18—20 целзиусови степени. Во лето дотерајте ги термостатите за ладење на 25—27 целзиусови степени. Подесување на термостатот дури за само еден степен повисоко (или пониско) може да ја намали енергијата за греење и ладење на вашиот дом за 5 до 10 проценти. Кога климатскиот уред или грејачот е вклучен, изолирајте ги собите кои што не ги користисте со затворање на вратите.
  • Затворање на процепи и пукнатини. Со изолирање на вашиот дом и со сопирање на топлиот и ладен воздух да истекува низ процепите и пукнатините, можете да ја намалите сметката за енергија до 25 проценти. Пробајте изолатор направен од платно и песок (како долга “змија”) за да се сопре воздухот да не поминува под вратите и употребете изолатори за прозорци, под, лајсни, светларници и корнизи. Консултирајте со власникот на станот пред да примените изолација.
  • Зголементе ја ефикасноста на прозорците. Оневозможете губиток на топлина со употрба на топли завеси и ролетни за да зафатете еден слој на мирен воздух до прозорците. Исто така во зима можете да ги отворите завесите за да внесете сонце преку ден и затворете ги пред да се стемни. Слично, добра идеа е да се затворат завесите за време на најтоплиот дел од денот во лето.
  • Употреба на вентилатор наместо клима уред. Тавански и вентилатори со пиедестал чинат околу еден цент на час и емитираат многу помалку јагленороден диоксид одколку клима уредите. Вентилаторите ја помагаат циркулацијата на воздухот и можат да бидат употребени да ја зголемат ефективноста на системите за ладење како и да го циркулираат топлиот воздух и да ја зголемат ефикасноста на греењето во зима.
  • Префрлање на енргетски ефикасно осветлување. Околу 12 проценти од употребата на енергија во домовите се троши за осветлување. Со префрлање на енергетски ефикасно осветлување и употреба на ефикасни светла можете да ја преполовите цената за осветлување. Замената на старите сијалици со грејно влакно со компактни флуоресцентни сијалици (CFL) или светлечки диоди (LED) е ефективен начин за штедење на трошоците за енергија. Флуорсцентните светла (CFL) користат околу 20 проценти од енергијата за светла со грејно влакно и може да траат 4 до 10 пати подолго.
  • Неактивна енергија. Многу апарати и уреди, како што се полначи за телефони, конзоли за игри, микробранови печки и стерео уреди продолжуваат да трошат енергија кога не се во употреба. Оваа неактивна енергија може да претставува 10 проценти од употребата на електрична енергија во домаќинствата. Со исклучување на апарати и уреди од ѕидот откако ќе завршите со нив, ќе ги намалите и употребата на енергија и сметките. Ако има светло за неактивност или електронски часовник истото троши енергија.
  • Фрижидери и замрзнувачи. Оптималната температура на вашиот фржидер е 3 до 5 целзиусови степени; или помеѓу минус 15 и минус 18 целзиусови степени за вашиот замрзнувач. За секој степен подолу потребна е 5 проценти повеќе енергија. Зголемете ја ефикасноста на вашиот фрижидер и замрзнувач со отстранување на наталожен мраз и со обезбедување на растојание од 5 до 8 сантиметри околу нив за вентилација. Ако имате втор фрижидер за забави, вклучувајте го само кога ви треба.
  • Перење и сушење на алишта. При машинско перење, штедете енергија и вода со употреба на ладна вода, и употреба на најкраткиот можен циклус, дотерувајќи го нивото на водата да одговара на количините и со чекање додека немате доволно алишта за полн капацитет. Сушете ги алиштата на отворена сушара наместо во електрична машина за сушење—бесплатно е.

Совет за штедење вода

Да се биде ефикасен со водата значи да се земе во обзир секоја капка и секој долар. Може да се првземат многу постапки за да се користи водата разумно во домаќинствата и во градината за да се обезбеди вода за нашата иднина.

  • Размислете за ефикасни уреди и инсталации во однос на водата. Кога купувате нови уреди и фиксни работи размислете за модели што се ефикасни во однос на водата. Побарајте ги етикетите за Water Efficiency Labelling and Standards (WELS) рангирање.
  • Ефикасно користење на славини. Славина што пропушта една капка на секунда троши повеќе од 12,000 литри вода годишно. Заштедете вода со поправка на славините што капат што е можно поскоро. Употребата на вода можете да ја намалите со употреба на ограничувачи. Ограничувачите го ограничуваат течењето на водата и може да се стават на внатрешните или надворешните славини. Консултирајте се со настојникот на станот пред да го направите тоа.
  • Инсталација на водо-ефикасни тушеви. Ако имате стари неефикасни тушеви, пробајте да го замолите настојникот на станот да ги замени со водо-ефикасни модели затоа што тие трошат околу една третина од водата и можат да заштедат повеќе од $160 годишно од сметките за енергија и вода.
  • Плакнење на клозеите. Кога се користат клозети со двојно плакнење, употребувајте половина плакнење кога е возможно. Ако вашиот настојник го променува клозет размислете да предложите водо-ефикасен модел со двојно плакнење затоа што може да се заштеди 55 литар по лице секој ден. Ако тоа не е возможно можете да купите редуктори за вода или користете пластично шише полно со вода во цистерната за да го намалите капацитот.
  • Намалете ја употребата на вода во градината. Традиционалната зелена градина може да употреби до 90 проценти од водата за градината. Ова можете да го намалите со намалување на машината за стрижење на тревата на 4 сантиметри или повисоко. Употребата на вода во градината може исто така да ја намалите со подобрување на начинот на вадење и со употреба на водо-ефикасни производи.

Потстанарски ресурси

Разговарање со настојникот или агентот за недвижности

За поравки, сервисирање или одржување, вклучувајќи било кои одржливи подобрувања, обично е потребна дозвола (и финансии) од вашиот настојник. Секоја држава и територија има различни закони за станарите, така што е важно да истражувате и да побарате дозвола пред да се завземете со било какви промени на имотот.

Некои работи што треба да се имаат на ум кога му пристапувате на настојникот или агентот за недвижности за да побарате одржливи подобрувања, вклучуваат:

  • Надокнади и помош. Постојат повеќе владини надокнади и помош на располагање на власниците на имотите за превземање на одржливи подобрувања. За да го помогнете при вашето барање вие можете да превземете истражување за вашиот настојник и да го разгледате нашиот дел за надокнади и помош за да пронајдете што е важно во вашата ситуација.
  • Одбитоци од данок. Многу подобрувања на имотот, како и поравки и одржувањето се подложни на даночни одбитоци. Можеби вие би сакале да погледнете во водичот за власниците на живеалишта што се издавват од Австралиската даночна управа за да видите кои работи го засегаат вашето домаќинство и да му ги пренесете на настојникот сите добри новости.
  • Инвестициски бенефиции. Со инвестирање во подобрувања на имотот што води до ефикасност на енергијата и водата во домаќинството, вашиот настојник може да ја зголеми вредноста на имотот правејќи го истиот попривлечен за идните купувачи и станари.

Водете сметка да ги приложите барањата до вашиот настојник или агентот за недвижнини написмено. Добра идеја исто така е да се чува запис на сите барања како и било какви договори од вашиот настојник или агент за недвижнини за промени или подобрувања.

Сакате да знаете и да заштедите повеќе?

Огромен опсег на практични идеи за трошење на енергија, вода и ефикасност при патување како и информации за владината помош на англиски јазик е на располагање на www.energy.gov.au интернет страницата.

Откажување од одговорност

Комовелтот не ја гарнтира автентичноста на документот од кој е направен преводот и не застапува погледи во однос на точноста на било која информација содржана во оригиналниот документ или овој превод. Комонвелтот не гарантира ништо во врска со овој превод, вклучувајќи ја точноста на преводот. Комонвелтот и неговите службеници, вработени или застапници нема да бидат одговорни за било каква штета, губиток од повреди што произлегуваат директно или индиректно од потпирањето на личноста на овој превод, без обзир дали такво користење или потпирање се базира на информациите или совет даден од агенцијата.

This translation was funded as part of the Australian Government Multicultural Access and Equity policy.