energy.gov.au

energy-theme-default

[Macedonian/Македонски] 5 светли идеи за заштеда на енергија и пари во вашиот дом

5 bright ideas for saving energy and money in your home

Date

Како што цените на енеригијата се зголемуват, многумина од нас бараме начини да користиме помалку енергија во нашиот дом. Добрата вест е дека постојат многу едноставни, бесплатни работи што можете да ги направите токму сега. Пробувајќи некои од следниве идеи и правејќи неколку промени во секојдневните навики, можете да заштедите пари и да и помогнете на животната средина без да го жртвувате комфорот.

  1. Намалување на употребата на топла вода

    Топлата вода е одговорна за околу 25 проценти од просечната сметка за потрошена енергија на едно домаќинство. Начини да се намали ова вклучуваат перење на алишта во студена вода и чекање да се соберат доволно алишта, вклучување на машината за миење садови само кога е полна, монтирање на ниско-проточен туш (што за кусо време сам ќе си се отплати) и пократкотрајно туширање.

  2. Избор на ефикасни уреди

    Апаратите за домаќинство можат да учествуваат до една третина во вашата сметка за потрошена енергија. Ако купувате нов фрижидер, замрзнувач, телевизор, машина за перење или сушење на алишта, машина за миење садови или клима-уред, проверете ја етикетата за енергетска потрошувачка на уредот (Energy Rating)—што повеќе ѕвездички, толку помалку енергија ќе користи уредот. Моделите рангирани со многу ѕвездички може да бидат малку поскапи, но изборот на поевтин и помалку енергетски ефикасен производ може да се покажи поскап на долг рок.

  3. Мудро користење на апаратите

    'Пасивното трошење на електрична енергија' ('Standby power') од страна на производи како микробранови печки, телевизори и конзоли за играње на игри може да изнесува до 10 проценти од вашата сметка за струја. Ако на производот сјае мала светулка или часовник—тој троши енергија. Тековните трошоци може да се намалат со исклучување на апаратите од ѕидот кога тие не се користат, со тоа што ќе се отарасиме од сите дополнителни фрижидери и замрзнувачи кои не ни се потребни, и со сушење на алишта на жица наместо во машина за сушење алишта.

  4. Ефикасно затоплување и ладење

    За секој степен на покачување на затоплувањето или ладењето, употребата на енергија ќе се зголеми за околу 5 до 10 проценти. Да ги задржите вашите сметки под контрола, размислете да го поставите вашиот термостат за топлење на 18-20 степени Целзиусови во зима и на 25-27 степени Целзиусови во лето. Може да заштедите најголем дел од енергијата што ја користите со затворање на внатрешните врати и со затоплување или ладење само на просториите кои ги користите.

  5. Изолирање на вашиот дом против промаја

    Изолацијата против промаја е евтин и лесен начин да имате удобен и комфорен дом и да заштедите до една четвртина од вашите трошоци за затоплување. Затнувањето на празнините околу вратите, подовите, пенџерињата и подните лајсни, и употребата на тнр. 'колбас за спречување на промаја' – 'sausage draught-stopper' – исполнет со ткаенина или песок се некои од 'направи-си-сам' - 'do-it-yourself' можности.

Сакате да знаете и заштедите повеќе?

Огромен број на практични совети за енергија, отпад, вода и ефикасно патување, како и информации за владината помош се достапни на англиски јазик на веб-страницата energy.gov.au.